Концертна промоција на новиот „Стенвеј“ со настап на пијанистот Евгениј Судбин
Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе одржи симфониски концерт „Север и југ“, на кој како солист ќе настапи руско-германскиот пијанист Евгениј Судбин. На концертот ќе биде промовирано и новото концертно пијано од марката „Стенвеј“, кое на Филхармонијата и го донираше компанијата „Страбаг“.
Славниот пијанист Судбин за македонската публика ќе го изведе популарниот Концерт за пијано и оркестар во а-мол од Едвард Григ. Според „Телеграф“, Евгениј Судбин е „потенцијално еден од најголемите пијанисти на 21 век“, а според „Индипендент“, тој е „пијанист со невообичаена чувствителност и префинетост“.
Диригент на концертот е врвниот Даниел Рајскин, а оваа вечер ќе бидат изведени уште три впечатливи дела - увертирата „Маскарада“ од Карл Нилсен, „Процесија до Росио“ од Хоакин Турина и свитата „Шпанска рапсодија“ од Морис Равел.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД