Концерти на гитаристот Дарко Багески во Стокхолм и Малме
Гитаристот Дарко Багески денеска ќе одржи солистички концерт во Стокхолм, кој е организиран од Амбасадата на Република Македонија во Шведска. Концертот е хуманитарен и средствата ќе бидат донирани за населението во Скопско погодено од поплавите по невремето на 6 август.
Багески утре ќе одржи солистички концерт и во Малме, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија. Концертот е организиран од Лилјана Стоилковска-Андовска и Друштвото „Македонија“ од Малме, со цел да се презентираат македонските уметници во Шведска.
На програмата на двата концерта се дела од Џулијани, Бариос, Мерц, Јовичиќ, Мирослав Тадиќ, Реис.
Дарко Багески (1981) е вонреден професор по гитара на Факултетот за музичка уметност во Скопје, одржува мастеркласи на меѓународни фестивали и натпревари и често е член во жиријата.
Музичкото образование го почнал во Скопје, матурирал во Средно музичко училиште во Загреб, а дипломирал на Високата школа за музика „Франц Лист“ во Вајмар, Германија. Магистрирал на Државниот конзерваториум за музика во Солун. Се едуцирал кај еминентни професори по класична гитара, како: Џевдет Сахатџија, Герхард Рајхенбах, Јурген Рост, Костас Коциолис...
Имал голем број солистички концерти во Македонија, Хрватска, Србија, Германија, Грција, САД, Шведска..., настапувајќи како солист со камерни оркестри и со Македонската филхармонија.
Претседател е и основач на Здружението на класични гитаристи, како и уметнички директор и еден од основачите на Меѓународниот фестивал за класична гитара ТРЕМОЛО.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија
-
Mнозинството пратеници со недоверба за членовите на Судскиот совет, СДСМ и ДУИ ја напуштија расправата
-
Интерпелации во Собрание, а Судски совет во редовна работа
-
Таравари не дава „Ѓока констракшн“ да стопанисува со паркингот на Клинички - го поништи огласот
-
Одбележани 82 години од депортацијата на македонските евреи во логорот Треблинка
-
Интерпелациите на петте членови на Судски совет пред пратениците
-
СДСМ бара ДКСК да ги истражи тендерите во Министерството за дигитална трансформација