Интерпелации во Собрание, а Судски совет во редовна работа
Со вообичаено задоцнување од десетина минути членовите на Судски седнаа во салата за седници. Од една страна избраните од судиите, на другата гласани во Собранието, но на седницата ниту збор за интерпелациите.
Зборуваа само по точките од дневниот ред на седницата на Судски. Непосредно пред почеток на собраниската седница, пауза за да излезе од салата побара Весна Дамева. Сакала лично пред пратениците да објасни зошто не се согласува со нејзината интерпелација.
Двоумење имаше кај Миљазим Мустафа, неговата интерпелација била последна, па дополнително ќе одлучел дали ќе оди во собранието. Нивната колешка Тања Чачарова Илиевска, нема да оди на соочување со пратениците. Вели интерепелацијата за член на судски совет е неуставна и недозволена.
Чачарова Илиевска потсетува дека извештајот за работа на судски не бил изгласан и во 2016 година, но како што вели, тогаш никој не побарал интерпелација. Поради тоа, сегашната состојба ја смета за преседан.
Ниту поранешната претседателка Црвенковска и заменикот Селим Адеми нема да одат на собраниската седница на која се разгледуваат интерпелациите на членовите на Судскиот совет. Иако се избрани во законодавниот дом, велат дека нивната работа и одговорности ги регулира Законот за Судски совет. Каква и да е одлуката на собранието, велат немаат намера да поднесат оставки од функциите.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар