Концерт на Ансамблот „Нуове музике“
Ансамблот „Нуове музике“ од Италија вечер ќе има концерт во Музеј на Град Скопје во рамки на 40. Денови на македонска музика.
Солисти на концертот се еден од водечките италијански контратенори Луиџи Скифано и нашиот најпознат тенор во светот Благој Нацоски, кој од 2008 година е носител на признанието „Амбасадор на културата на Република Македонија во Италија“.
На програмата се камерни дела од композиторите Властимир Николовски, Гоце Коларовски, Дамјан Темков и Симона Симуноска, а првпат во Македонија ќе го чуеме и делото „Седум песни од светлина и прав“ од италијанскиот автор Анџело Инглезе на стихови од македонскиот поет Никола Маџиров.
Ансамблот „Нуове музике“ е составен од уметниците Роберто Бокјо - кларинет, Леонардо Боеро - виолина, Гаетано Насило - виолончело и Алесандро Марангони - пијано. Ансамбл е формиран во Савона, Италија на идеја на композиторот Марко Ломбарди.
Во фокусот на репертоарот на составот е изведба на современа музика од 20-тиот и 21-виот век, иако во својот пристап тој е отворен и кон музички дела кои низ вековите го одбележаа патот на развојот на музиката.
Ново на Сител
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање
-
Прилепската болница го намали долгот - Главен проблем недостатокот на кадар
-
Младите ретко пријавуваат корупциија, немаат доверба во институциите но стравуваат и од реперкусии
-
Охридското занаетчиство стагнира - Неопходна е стратегија
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска