Колешката на убиената пејачка знаела за заканите - зошто не пријавила во полиција?
Фолк пејачката Нада Топчагиќ тврди дека нејзината колешка Јелена, за која вели дека била како нејзина ќерка, добивала заканувачки пораки пред кобниот ден во кој беше брутално убиена.
Како што пренесува Информер, пејачката тврди дека двете биле многу блиски, дека планирале дует и си ги споделувале сите тајни.
- Неодамна ми се пожали дека добива пораки со заканувачка содржина. Некој се заканувал дека ќе ја убие. И пристигнуваа пораки со текст, „Многу си убава, ќе те киднапирам и ќе те убијам". Ми ги покажа тие пораки ги видовме, но мислевме дека е шега па заедно си се смеевме, вели пејачката Нада.
Нада и понатаму не може да верува каква трагедија се случила.
- Многу сум шокирана, кој е тој монструм што можел да направи такви нешто? Навистина ужасно. Се плашам да излезам сама, ова е ужасно, додава пејачката.
Нада на крајот додава дека не може да прежали што не снимиле дует бидејќи тоа ќе и бил спомен плус со 33-годишната пејачка.
Инаку, Јелена беше убиена во саботата откако полицијата 20 часа трагаше по неа. Таа беше пронајдена во канал цела во крв.
Зад себе ја остави петгодишната ќерка. Нејзиниот сопруг и понатаму е во притвор.
Ново на Сител
-
Министрите за интерпелациите: Уште еден обид на ДУИ за дестабилизација
-
Таравари: Нема лекарска грешка за смртта на седуммесечното бебе на детската клиника
-
Шуто Оризари „се дави“ во ѓубре, од Комунална хигиена велат редовно го собираме
-
Во Скопје и уште неколку поголеми градови во Македонија и денеска тешко се дише
-
Преглед на вестите од светот
-
Таравари: Специјализантите ќе добијат пристап во Мој термин
-
Поставен камен темелникот за изградба на резервоар Пребег во Штип, инвестиција од 40 милиони денари
-
Дел од моштите на Свети Стефан изложени во католичката црква „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица