Македонија
12. January 2019 - 9:18

Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашиот живот

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, го поздрави изгласувањето на уставните измени во македонското Собрание.

„Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, заморот, тензиите, довербата и надежите што ги имавме, работејќи на договорот. Сонувавме за заедничка иднина на двата народа. Северна Македонија, добредојде во нашиот живот. Историјата мора да биде лекција, а не затвор”, напиша Коѕијас на неговиот Твитер профил.