Клековски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од барање за избори ако власта се откаже од францускиот предлог
„Една од причините зошто сум НЕ за францускиот предлог бидејќи ова е уште една од лагите во многуте други лаги. Лага е затоа што како и претходните лаги, како што имавме нели кандидатски статус без преговори, па имавме датум без датум, ова ќе бидат преговори без преговори. Ова ќе биде сликање следната недела во Брисел како што беше сликањето во авиончето, се сеќаваме на таа фотографија со министрите и премиерот“, истакна Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во централниот дневник на Сител телевизија.
Клековски додаде дека Македонија нема да започне преговори со ЕУ додека не се промени Уставот.
„Ние нема да започнеме преговори дури не се промени македонскиот Устав за да се внесат Бугарите и што друго решиме да внесеме во тој момент. Нема да има скрининг, нема да има преговори во првата фаза, а таа ќе трае се додека ние не го смениме Уставот. Затоа ова не е последна шанса бидејќи преговори ќе нема. Ова е само уште една шанса да се одржува илузијата дека ЕУ се проширува, а ние како пристапуваме во тој процес“, рече Клековски.
„На Владата не и треба собраниска одлука, станува збор за одлучување за преговарачка рамка за меѓувладина конференција. Така да соодветно на тоа мандатот за одлучување за францускиот предлог односно преговарачката рамка со сите документи е во Владата, не е во Собранието. И точката во Собрание се вика информација. Пратениците таму дискутираат за информација, а не за преговарачката рамка и нејзините составни документи“, нагласи Клековски.
Тој дури укажа дека оваа фарса во Собранието е потребна за да Владата се скрие позади Собранието. Дури Владата сака да ја префрли одговорноста на Собранието.
„ВМРО-ДПМНЕ правеше, прави и ќе прави се да ја предомисли владата за францускиот предлог, затоа што владата е таа која одлучува. Се што правиме, вклучувајќи ги и понудите дека нема да бараме избори, ако одлучат НЕ за францускиот предлог. Ќе се откажеме од барањето за предвремени избори, ако се откажат од францускиот предлог, ќе ги поддржиме во барањето на измените за преговарачката рамка. Но, доколку владата не се премисли ние ќе направиме се што може во политичката борба да се отстранат негативните последици на владината одлука“, изјави Клековски.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има план и во случај доколку владата го усвои предлогот и тој ќе се одвива понатаму.
„Претседателот Мицкоски најави дека нема да гласаме за промена на Устав и тоа е мал дел од планот. Тоа не значи дека ние немаме план за алтернатива што ако не помине планот. Сме отворени за дијалог и ќе ги браниме позициите кои ги декларираме. Ние правиме се рамки на политичка борба да ја без насилство, бидејќи насилството власта посакува да се случи“, рече Клековски.
Клековски во однос на заклучоците посочи дека проблемот е што на СДСМ не може да им се верува.
„Имавме во Собрание Резолуција за неменување на името, а сите знаеме како на насилен пат се смени името. Дел од недовербата сега за францускиот предлог е последица на тие трауми како се смени името. Ја изгласавме Резолуцијата за позициите на Македонија со Бугарија, но немаме доказ дека се запазени. Флоскулата дека ќе влеземе како Македонци со македонски јазик, тоа е стапица, дали ќе влеземе дека до 1944 сме биле Бугари со бугарски јазик и потоа сме октроирана нација. Ако тоа не се согледа ние нема да се извлечеме од ова“, нагласи тој.
Клековски потенцираше дека недовербата е дека оваа мала клика која владее со СДСМ е заглавена во неспособност и криминал и во првата прилика може да направат понатамошни отстапки.
„До ова дереџе сме поради неспособноста, криминалот и неискреноста во преговорите со Бугарија на оваа власт. Имаме отворени изјави од Бугарија од Андреј Ковачев, европратеник и нема суштинска промена на позициите. Додека нема промена францускиот предлог е мртов“, рече Клековски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Сакал да пренесе сопатник без документи преку граница - Уапсен маж на ГП Богородица
-
64 годишен скопјанец кој исчезна пред 10 дена пронајден мртов
-
Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра
-
Кривична пријава против 66-годишник за демнење на началник во ОВР Неготино
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион