КЈП „Водовод“ од Кочани: За расчистување на снегот употребени 6 тони сол и 33 кубици песок
Соочени со вонредната ситуација поради студот и поледиците кои се создадоа по улиците, вработените во КЈП „Водовод“ Кочани веќе трет ден ги активираа дежурните служби кои фрлија шест тони сол и 33 кубици песок за колку-толку да го нормализираат сообраќајот и движењето на граѓаните.
- Поларните температури веќе го земаат данокот во семејните куќи и домови на жителите на општина Кочани и пошироко. Граѓаните се жалат на замрзнати цевки кои ги оставиле без вода во домовите, а се регистрирани и пукања на цевководите. Сепак реалните штети од невремето ќе се видат дури откако времето ќе попушти и ќе потече водата, изјави Аклександар Ефтимов, технички директор на кочански Водовод.
Во КЈП „Водовод“, истакна Ефтимов, последните пет дена е евидентирана зголемена потрошувачка на вода од 140 на 180 литри во секунда. И во услови на поларни температури системот за водоснабдување е во добра кондиција што значи дека водата стигнува до сите потрошувачи, посочи тој.
Ново на Сител
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница
-
Се тестираат кандидати – се готват коалиции за локалните избори
-
Само 15 инспектори во војна за здрава животна средина