Балкан
12. November 2023 - 16:42

Ќе продолжи ли Пописот?

Македонците во Албанија не го признаваат пописот на населението, зашто според нив тој е нелигитимен и спорводен под диктат и уцени од Бугарија. Главен механизам на закана биле бугарските пасоши, кои во случај да се изјаснат како Македонци ќе им бидат одземени или на апликантите воопшто нема да им бидат доделени.

  • Бугарскиот амбасадот почна да доаѓа во нашите региони, во делот на Гора, Голо Брдо и Преспа, да ги убедува луѓето да се пишат Бугари. Сите што имаа аплицирано за бугарски пасоши им се јавуваа од бугарската амбасада дека мора да се пишат Бугари, во спротивно нема да земат бугарски пасош, а од друга страна тие бугарски пасоши не се бесплатни, тоа се неколку илјади евра за едно смејство и постоеше реално тој притисок. Постоеа и јавни закани кон Македонците, дека ќе им се одземат бугарските пасоши ако не се пишат како Бугари, изјави Васил Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција.

Втор проблем е што голем дел од Македонците од пограничните региони за време на пописот биле на сезонска работа во Ресен, на берба на јаболки и физички не биле во можност да се попишат.

  • Од Тирана бараа да се попишат, но проблем беше што попишувачите не ги попишуваа. Затоа се сомневаме дека и ова е под директно влијание на Бугарија да има што помал број на население во Мала Преспа, но и на Македонци, додаде Стерјовски.

Ништо подобра не е состојбата и на Македонците во Бугарија.

  • Ние Македонците во Пиринскиот дел сме поробени, ние сме како робови на Бугарите, без права на нашата основна, духовна, православна и јазична слобода, изјави Кирил Иванов, ОМО Илинден

Денеска во Штип се одржа изложба на документи и фотографии од Македонци од Албанија, кои уште од почетокот на 20-иот век, на сите континенти, ја истакнувале својата самосвест за сопствениот национален идентитет.