-->
-->
Ќе плати ли Нејмар за сите!
-->
Шпанскиот Врховен суд во понеделник ја отфрли жалбата на бразилскиот фудбалер Нејмар, кој ќе мора да се појави на суд за да сведочи за наводна корупција и нерегуларности при неговиот трансфер од бразилскиот клуб Сантос во Барселона во 2013 година.
„Жалбите на Сантос, Барселона, Нејмар, неговата мајка Надин Гонсалвеш и компанијата N&N да се отфрлат обвиненијата за измама и корупција се одбиени. На оваа одлука нема право на жалба“, се наведува во соопштението од Судот.
Шпанското обвинителство бара од Националниот суд во Мадрид да го казни Нејмар со две години затвор и парична казна од 10,6 милиони долари, а исто така, бразилскиот и каталонскиот клуб да бидат казнети со седум, односно девет милиони долари.
Постапката беше покрената по жалбата на бразилскиот инвестициски фонд DIS, кој беше сопственик на 40 отсто од правата на Нејмар.
Тој фонд тврди дека е ускратен за вистинскиот надомест при трансферот на Нејмар од Сантос во Барселона.
Барселона тогаш наведе дека трансферот е вреден 57,1 милион евра, дека на Нејмар му припаднале 40 милиони, а на Сантос 17,1 милиони, од што компанијата DIS добила 6,8 милиони.
Но, шпанскиот суд наведе дека трансферот вредел 83,3 милиони евра, заради што се жалеше компанијата DIS, тврдејќи дека Барселона го сокрила вистинскиот износ и и платила помал износ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Инспекторатите работат на црно, сите контроли се незаконски
-
Стартуваат градежни активности во Општина Илинден
-
За 25% намалена цената на свинското месо жива мера
-
Преглед на вестите од светот
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници