Кирацовски: Џафери да не го стави Собранието повторно во улога на штитеник на неподобни кадри, да свика седница за Мизрахи
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не смее повторно да го стави Собранието во улога на штитеник на неподобни кадри, како што тоа го изведе во случајот со (не)одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Велјановски.
Ова денеска преку Фејсбук го порача пратеникот од редовите на СДСМ, Александар Кирацовски.
-Штом од Владата на предлог на актуелниот технички премиер се бара разрешување на актуелната министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот, не постои причина зошто Собранието да не го стави тој предлог на собраниска седница, сега-веднаш!, напиша Кирацовски на Фејсбук.
-Мислам дека на пратениците им смачено преку нивни грб да се кршат уште копја, а самите пратеници, кои придонесоа многу за остварување на историските успеси и државни постигања, повторно да бидат “топовско месо”, додаде Кирацовски.
Ново на Сител
-
Рекорден број пријави на штети по вчерашното невреме
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Вработување по стручност а не по етничка основа најавува новиот министер за дигитална трансформација
-
Да се постават табли на плажите кои не се безбедни
-
Преглед на вести од светот
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии