Кино на отворено со филмот „Исцелител“
Во организација на Град Скопје и Младинскиот културен центар, вечер во Градскиот парк во Скопје ќе биде организирано „Кино на отворено“ со проекција на филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставрески.
Настанот е прв од дводневната манифестација што се одржува под покровителство на Град Скопје. Во соработка со Македонската филхармонија утревечер во Градскиот парк ќе биде организиран и концерт на џез-музичарот со потекло од Нигерија Феми Кути.
Проекцијата на „Исцелител“ вечер ќе биде од 22 часот зад споменикот на Гоце Делчев, а МКЦ за посетителите ќе постави перници за седење.
Од премиерата во ноември, црната комедија „Исцелител“, кој е дебитантски игран филм на режисерот Ставрески, досега доби девет меѓународни награди, од кои пет за најдобар филм.
- „Исцелител“ е најпродаван филм, а овојпат на граѓаните им овозможуваме да го гледаат бесплатно, рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на прес-конференција по повод настаните, нагласувајќи дека целта е да ги негуваат вистинските културни вредности и да се врати, како што рече, изгубениот сјај наспроти кичот и невкусот.
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени