Кинеските Синофарм и Синовак сакаат да бидат дел од Ковакс
Кинеските производители на вакцини – Синовак, Синофарм и Кансино Био – поднеле барање да бидат дел од Ковакс системот, глобална програма организирана од Светската здравствена организација, изјави денеска кинеската министерка за надворешни работи Хуа Чунјинг.
Освен 172 земји во светот, дел од Ковакс се и вакцините Иновио (САД, фаза 2), Модерна (САД, фаза 3), КјурВак (фаза 1), Институтот Пастер/Мер, Тем/САД/Австрија (претклиничка фаза), АстраЗенека/Оксфорд (Фаза 3), Универзитет Хонг Конг (Фаза 3), Новавакс (Фаза 1), Кловер Бајофармацеутикалс (Фаза 1), Универзитет Квинсленд (Фаза 1), пишува на веб-страницата на Светската здравствена организација (СЗО).
Се додава и дека уште девет кандидати се во фаза на проценка за влегување во системот Ковакс – две вакцини од Кина, две од САД, една од Јужна Кореја, една од Велика Британија и една глобална.
Ново на Сител
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот