Кина планира да инвестира околу 25 милијарди долари во патишта во Ксинџијанг-Ујгурскиот регион
Кина планира да инвестира околу 170 милијарди јуани (24,81 милијарда долари) за изградба на патишта во Ксинџијанг-Ујгурскиот автономен регион, јави ТАСС.
Стотици лица загинаа изминатите години во немирите во регионот, за кои Пекинг ги обвинува исламистите, кои се обидуваат да создадат независна држава под името „Источен Туркестан“.
Владата сепак призна дека незадоволството е потттикнато и од економски проблеми и инвестира пари за развој на регионот.
Кина ќе инвестира вкупно 8,1 милијарда јуани (1,1 милијарди долари) за изградба на железнички линии и 4,8 милијарди јуани (700 милиони долари) за изградба на цивилни аеродроми. Во однос на лани средствата за тие две цели се зголемуваат за 50 отсто.
Според планот ова година ќе почне изградба на магистрали со должина од шест илјади километри, чие завршување по неколку години може да ги намали патните трошоци во регионот за 30 отсто.
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш