Кина ќе му подари на Непал уште еден милион дози вакцини против коронавирус
Кина денеска соопшти дека на Непал ќе му подари еден милион дози вакцини, што ќе биде последна меѓународна помош за оваа сиромашна хималајска земја заради влијанието на Ковид-19, јави ДПА.
„Кинескиот претседател Си Џинпинг оваа вест ја соопшти за време на телефонскиот разговор со неговиот непалски колега Биџа Деви Бхандари“, на Твитер напиша кинескиот амбасадор во Непал, Ху Јанки.
„Кинескиот претседател Кси Џинпинг кажа дека Кина ќе обезбеди еден милион дози вакцини против Ковид-19 на Непал како помош во грант“, напиша денеска Ху на Твитер.
Претходно, Кина на Непал му подари 800.000 дози од вакцината „Синофарм“.
Непал досега вакцинираше околу два милиона од околу 30 милиони жители, главно со вакцини доделени од Индија и Кина, пренесе ДПА.
Вториот бран од епидемијата е поттикнат главно од новите варијанти на вирусот, првпат откриени во соседна Индија, со која Непал дели околу 1.770 километри отворена, слабо контролирала граница.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп