Кина ќе инвестира 725 милијарди долари во транспортни проекти
Кина планира во следниот период да инвестира 4,7 трилиони јуани (околу 725 милијарди долари) во големи проекти за изградба на инфраструктура, соопшти Меѓународното кинеско радио, цитирано од ТАСС.
Според претставникот на Државниот комитет за развој и реформи, Чан Цијан ова решение е поврзано со намерата на Владата до 2020 година над прагот на сиромаштијата да ги извади сите граѓани во земјата и посебно оние кои живеат во одалечените, сиромашни региони на Кина.
-Веруваме дека обезбедувањето пристап до полесните форми на транспорт на луѓето ќе им овозможи да ја надминат сиромаштијата. Имено, од овие причини во нашите планови вкличивме изградба на селски патишта, кои во следните три години ќе ги поврзат овие области со регионалните транспортни центри, изјави тој.
Според тригодишниот план за развој планирани се околу 300 нови градежни проекти.
Ново на Сител
-
Петмина скијачи загинаа во лавини на француските Алпи
-
Повикот за бојкот на маркетите добива се поголема поддршка, Владата со засилени контроли во трговските ланци
-
Џозеф: Македонскиот модел може да послужи во Србија, САД можат да бидат посредникот
-
Трамп: Зошто хеликоптерот не одеше нагоре или надолу, или се сврти
-
Дали студентските протести во Србија се „обоена револуција“, како што тврди власта
-
Во Вашингтон патнички авион се урнал во реката Потомак по судaр со воен хеликоптер, има жртви
-
Магла во Делчево и Струмица
-
Облачно со локален дожд, температури до14 степени