-->
-->
Кина го стопира увозот на американска соја
-->
Кинеските компании драстично ја редуцирале набавката на соја од САД по почетокот на трговската војна меѓу двете земји.
Во изминатите две недели не бил потпишан ниту еден нов договор за продажба на американска соја во Кина, информираше американскиот Секретаријат за земјоделие. Три милиони тони соја вредна 1,3 милијарди долари за кои веќе се потпишани договори, се уште чекаат на поповолна политичка ситуација во американските пристаништа.
Кина купува 60 проценти од светското производство на соја, а само од САД годишно увезува соја за 12,3 милијарди долари. Како резултат на трговската војна меѓу Кина и САД, кинеските компании го зголемиле увозот на соја од Бразил за една третина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра