Ким: Северна Кореја може да уништи големи цели во Сеул
Ким Јо-џонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, предупреди дека Северна Кореја ќе уништи големи цели во Сеул, ако Јужна Кореја преземе каква било „опасна воена акција“.
Нејзината изјава уследи откако јужнокорејскиот министер за одбрана Сух Вук изјави дека неговата земја располага со проектили со значително подобрен дострел, прецизност и моќ, кои „можат прецизно и брзо да погодат која било цел во Северна Кореја“.
Сух наведе дека јужнокорејската армија може да одговори на севернокорејската ракетна закана и ја нарече Северна Кореја „непријател“.
Ким истакна дека тврдењата на Сух „„дополнително ги влошиле меѓукорејските односи и воените тензии на Корејскиот полуостров“.
Секретарот на Централниот комитет на Корејската работничка партија, Пак Јонг-чон посочи дека Северна Кореја „безмилосно ќе ги насочи сите свои воени сили да ги уништи главните цели во Сеул и војската на Јужна Кореја“, доколку јужнокорејската војска започне опасна воена акција како превентивен напад. Но, тој прецизираше кои се големите цели во Сеул.
Тензиите на Корејскиот Полуостров значително се влошија во изминатте неколку недели, откако Северна Кореја тестираше две балистички ракети на 26 февруари и на 4 март.
Тензиите би можеле да ескалираат по преземањето на функцијата следниот месец од новоизбраниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јол, којпретходно изјави дека превентивните напади може да бидат единствениот начин за спротивставување на новите хиперсонични ракети на Северна Кореја, доколку се утврди дека се подготвени за напад.
Јун повика на зајакнување на врските со САД и вети дека ќе се обиде да воспостави траен трилатерален дијалог меѓу Јужна Кореја, Северна Кореја и САД.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија