-->
-->
Киднаперите на либискиот авион во Малта бараат ослободување нивни приврзаници од Бенгази
-->
Киднаперите на либискиот авион што се приземји принудно на Малта, сакаат коридор за безбедно извлекување нивни приврзаници од источниот либиски град Бенгази, соопшти претставник на либиската привремена влада.
Според него, авионот го киднапирале две лица вооружени со рачни гранати и упатуваат закани дека ќе го разнесат леталото доколку не бидат исполнети нивните барања – затворениците од либиските затвори да бидат итно ослободени.
Во авионот има 111 патници – 82 мажи, 28 жени и едно дете.
- Малтешките власти преговараат со киднаперите кои досега ослободија вкупно 50 луѓе, изјави премиерот на Малта, Џозеф Мускат. Телевизијата Скај њуз Арабија јави дека киднаперите се претставиле како членови на досега непознатата група Ал Фатах ал Џадид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда
-
Мицкоски за паркингот на Клиника: Одлука на Влада нема, договор не е потпишан
-
Со законски измени против поскапување на производите
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
СДСМ на Осмомартовски марш