-->
-->
Кери: Договорот за примирје го намали насилството во Сирија
-->
Американскиот државен секретар Џон Кери изјави денеска во Москва дека „кревкото делумно примирје“ во Сирија влијаело за намалување на насилството, но потребно е тоа уште да се намали и да се зголеми доставувањето на хуманитарна помош.
- Чесно е да се каже дека пред три недели мал беше бројот на оние кои веруваа дека прекинот на непријателството е можен во Сирија, истакна Кери на почетокот од средбата со рускиот колега Сергеј Лавров.
Тој нагласи дека резултатот од тоа е „одреден напредок и постои кревко, но корисно намалување на насилството“.
Кери во текот на денов ќе оствари средба и со рускиот претседател Владимир Путин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Модуларната болница кај Инфективна ќе ја користи затворот Идризово
-
Конструиран младинскиот клуб во Собрание - Пратениците бараат институциите да ги слушнат младите
-
Имплементација на проектот ,,Зајакнување на младите преку нови можности 2"
-
Реинкарнација на текстилното производство во Штип
-
Преглед на вестите од светот
-
Со таблички во боја ќе се спречува злоупотребата на службени возила
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата