Казни од 225 до 275 евра за 12 пијани возачи во Тетово
Секторот за внатрешни работи Тетово вчеравечер и ноќеска (24/25.06.2023), во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведе уште една од серијата акциски контроли на возачи - дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол, информира МВР.
Како што информираат од СВР Тетово, при контролата биле откриени и санкционирани 12 возачи (ТЕ-10 и ГВ-2) кои управувале алкохолизирани, од кои кај 1 (ТЕ) биле измерени до 2 промили алкохол. Сите веднаш се исклучени од сообраќај, а на 8 возачи времено им се одземени и нивните возачки дозволи. Воедно, изготвени им се соодветни поднесоци и прекршителите ќе се соочат со парични глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност.
При контролата санкционирани се и 23 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-15 и ГВ-8).
Ново на Сител
-
Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра
-
Над 400 луѓе спасени од под урнатините на Тибет
-
Трошоците на живот во 2024 година зголемени за 3.5%, а цените на мало за 3.8%
-
Поскапуваат бензините и дизелот
-
ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Оглас за пракса и вработување во утринската програма на Сител ТВ
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец