Казнев повика на единство и борбата против стравот
Францускиот премиер Бернар Казнев денеска повика на „единство“ и борба против „прекумерното заплашување и стравот“, по кризниот состанок на Советот за одбрана во Елисејската палата, одржан по синоќешниот напад на париската авенија Елисејски Полиња, јави дописникот на МИА од Париз.
- Наша должност е да не попуштиме пред стравот, заплашувањата и манипулациите, кои се во служба на непријателите на Републиката, рече француксиот премире, повикувајќи никогаш да не се дозволат поделби.
- Против мрачните сили и нетрпеливоста мора да се води борба. Единството е тоа што да надвалдее како никогаш досега, додаде Казнев
Казнев, заедно со францускиот претседател Франсоа Оланд и министерот за внатрешни работи Матијас Фекл изутринава го посетија ранетиот полицаец при синоќешниот напад, кој е на налекување во болницата „Жорж Помпиду“ во Париз.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино