-->
-->
Казнети 476 возачи за брзо возење на територија на цела држава
-->
- Вкупно 476 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден во акциска контрола спроведена од Министерството за внатрешни работи на територија на цела држава за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Како што информира МВР, 37 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 295 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 181 надвор од населено место.
- Сообраќајните контроли продолжуваат и наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти