Катастар: Саниран проблемот од компјутерскиот напад, услугите се достапни
– Системите на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) од денеска се вратени во нормално функционирање, сите професионални корисници и граѓаните можат да ги користат нејзините услуги, а податоците се безбедни и не се злоупотребени при компјутерскиот напад на надворешната инфраструктура на АКН и нејзините јавни сервиси, што беше детектиран на 22. месецов, потврдија за МИА од АКН.
Од Катастарот појаснуваат дека на 22 октомври во 08.20 часот од страна на ИТ Секторот детектиран е компјутерски напад во надворешниот систем на Агенцијата за катастар на недвижности на РСМ при што е констатирано дека упадот е на надворешната инфраструктура со што е извршено напад на достапноста на јавните сервиси на Агенцијата.
-Проблемот е пријавен до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации и Секторот за компјутерски криминал во МВР. Во текот на деновите од сабота 22.10.2022 до вторник 25.10.2022 година, Секторот за информатички технологии во АКН интензивно работеше на санирање на настанатиот проблем.На 26.10.2022 година, системите се вратени во нормално функционирање и сите професионални корисници, како и граѓаните можат да ги користат услугите на Агенцијата за катастар на недвижности и би сакале да ве информираме дека сите податоци се безбедни и не се злоупотребени од страна на напаѓачите. Секоја друга информација е дезинформација на јавноста, велат од АКН.
Вакви неовластени упади или прекини во функционирањето на системите и сервисите кога интенцијата е сите процеси да бидат дигитализирани, а во насока на поефикасна услуга кон граѓаните и бизнис заедницата, потенцираат од Катастарот, не се ништо непознато не само кај нас туку и во други држави.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција