Касами останува претседател на БЕСА по одлуката на Основниот суд Скопје 2
Биљал Касами, кој е на чело на едното крило на движењето „Беса“ денеска соопшти дека Основниот суд Скопје 2 го отфрлил барањето на другото крило со што тој и официјално е лидер на партијата.
- Со оваа одлука на судот се отфрла неоснованото барање на неформалната група, што укажува на тоа дека партиските тела ги избираат нејзините членови, а не сомнителни кругови кои не го сакаат доброто на Албанците и не се во нивна служба, рече Касами на прес-конференција.
Тој ги повика сите изманипулирани членови да се вратат во партијата.
- По конгресот одржан на 24 февруари, го заокруживме процесот на формирање на партиските органи и сме убедени дека во иднина уште посилно ќе доминираме на политичката сцена, нудејќи се како политички субјект со јасна политичка визија, без хипотеки и со духот на една елита на млади интелектуалци кои веќе се идентитетот на движењето Беса, рече Касами.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението