Касами: Граѓаните не се задоволни од актуелната градоначалничка и бараат промени во Тетово
Лидерот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами оствари средби со граѓаните во неколку изборни штабови во некои населби на општина Тетово. За време на посетата Касами беше информиран за состојбите на терен, додека тој ја пренесе уште еднаш пораката дека Движењето Беса нема да дозволи поддршката за него и Беса во Тетово да се претвори во политичко пазарење.
-Сликата на изборите од првиот круг е јасна, граѓаните дадоа јасна порака дека не се задоволни од актуелната градоначалничка и бараат промени во Тетово, јас и Беса сме биле и ќе бидеме во коалиција со граѓанинот, а не со политичките партии, бидејќи на крајот одлуката е само на граѓанинот. Избирачкото тело се покажа дека е интелигентно и тоа се докажа со гласови, Беса и Билал Касами добија над 10.400 гласа со директен пристап до граѓаните, а сега време е да се дозволи да се соочат изборните програми и граѓаните да ја оценат која програма е најдобра Тетово, истакна Билал Касами кон граѓаните на вчерашните средби.
Кандидатот за градоначалник ги посети изборните штабови во Голема и Мала Речица, Теќе, Тетекс 2, Тетекс 1 и Гам Гам.
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава