Кандидатите за генерален секретар на ОН ќе бидат сослушани меѓу 12 и 14 април
Седум кандидати за функцијата генерален секретар на ОН ќе учествуваат на неформалните сослушувања, што ќе се одржат во централата на светската организација во периодот од 12-14 април, изјави претседателот на Генералното собрание на ОН Магенс Лукетофт, јави ТАСС.
Според него, тие ќе се преведуваат на официјалниот сајт на ОН на сите шест официјални јазици на организацијата - англиски, француски, руски, арапски, шпански и кинески.
На 12 април во салата на Советот на ОН ќе бидат сослушани министерот за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ, генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и поранешниот португалски премиер Антониу Гутериш.
Следниот ден ќе се одржат сослушувањата со учество на поранешниот словенечки претседател Данило Тирк и со поранешните министри на Хрватска - Весна Пусиќ, и на Молдавија - Наталија Герман.
На 14 април претставници на земјите-членки на ОН го сослушуваат последниот до тој момент кандидат - поранешниот македонски министер за надворешни работи Срѓан Керим.
Лукетофт рече дека неформалниот дијалог ќе биде во формат на двочасовни сегменти, со учество на секој од кандидатите.
Ново на Сител
-
Повик за субвенции за нови авиолинии со променет модел за повеќе патници
-
Влада: Нема веќе турканици, вадење пасоши и лични документи во редовен рок
-
Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-
Во Собранието ќе биде доделена наградата „8 Септември“
-
САД објавија нова итна воена помош за Украина вредна 250 милиони долари
-
Папата нагласи дека природните ресурси треба да бидат од корист на „целата заедница“
-
Околу 30 проектили истрелани од Либан кон Израел, нема жртви
-
Претпладне сончево, попладне со пороен дожд на повеќе места