САД објавија нова итна воена помош за Украина вредна 250 милиони долари
САД најавија обезбедување на нов пакет итна помош во опрема и оружје за Украина вреден од 250 милиони долари.
Помошта е за „нашите украински партнери во време кога тие се бранат од тековните напади на Русија“, посочија синоќа од американскиот Стејт департмент.
-Оваа дополнителна помош обезбедена преку повлекување од резервите на Министерството за одбрана, вклучува ракети за противвоздушна одбрана и поддршка, муниција за ракетни системи и артилерија, противтенковско оружје, оклопни пешадиски возила „Бредли“ и други оклопни возила, како и други приоритетни капацитети.
Со објавата се демонстрира „трајниот ангажман на САД кон самоодбраната на Украина против бруталната агресија на Русија“.
Од од американскиот надворешнополитички орган укажаа и дека помошта ќе биде распределена што е можно побргу-Помошта е за да се зајакне одбраната на Украина, нејзината територија и нејзиниот народ.
Како што јасно рече и претседателот Бајден, Соединетите Американски Држави и меѓународната коалиција што ја собравме ќе продолжат да стојат со Украина.
Ново на Сител
-
Автопат кај Виена целосно под вода
-
МНР: Законот за надворешни работи ќе се менува по редовна постапка во Собранието
-
Таравари: Наскоро еден директор на цел Клинички центар и спојување на неколку болници со здравствени домови
-
Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници
-
Мицкоски: Акцијата за даночно затајување е една од низата што ќе следуваат
-
Нова промена на цените на горивата од полноќ
-
Радев се правда: Сиљановска не беше ниту во државна ниту во работна посета
-
Муцунски нема да го прими Радуков на разговор во МНР