Канческа-Милевска во Софија на Форум за културна соработка со Кина
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Бугарија каде што ќе учествува на вториот Форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од централна и од источна Европа.
Во рамките на Форумот, денеска е предвидено министерката за култура да има обраќање на панел-дискусијата на тема „Актуелните предизвици во управувањето со културното наследство и размената на културни добра“. Предвидени се и билатерални средби со повеќе министри за култура на земјите од регионот, меѓу кои и со бугарскиот министер за култура Вежди Рашидов со кого ќе потпишат Програма за културна соработка меѓу двете министерства за периодот 2015-2017 година, а во текот на утрешниот ден и со нејзиниот кинески колега, Луо Шуганг, соопшти Министерството за култура.
На Форумот, кој се одржува по втор пат, присутните министри за култура ќе дискутираат за можностите за воспоставување поинтензивна соработка меѓу земјите од централна и од источна Европа и Народна Република Кина, со цел реализација на проекти во областите од заеднички интерес, вклучително и културното наследство.
Од особено значење е што во рамките на Форумот ќе биде усвоена и Софиската декларација која се однесува на проширувањето на културната соработка меѓу Кина и државите од централна и од источна Европа.
Гостите на Форумот, во текот на вчерашниот ден, во Софиската опера и балет присуствуваа на музичко-сценскиот перформанс „Конфуциј“ на Кинеската драмска опера и Танцов драмски театар, кој пред неколку денови имаше исклучителен прием кај македонската публика.
Ново на Сител
-
Километарски колони на Богородица - се чека и по еден час
-
Првата група украински пилоти ја завршија обуката во САД за управување со Ф-16
-
Елмедин Конаковиќ најави протестни ноти до земјите што беа против резолуцијата за Сребреница
-
Осуммина убиени со напад со нож во Кина
-
Русија вели дека ИД стои зад смртоносниот напад во московската концертна сала
-
Десетици жртви во повеќенеделен топлотен бран во Мексико
-
Честитка од Љупчо Димовски, претседател на СПМ по повод 24 мај
-
Ден на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј