Македонија
24. May 2024 - 10:32

Километарски колони на Богородица - се чека и по еден час

Според видео камерите на „Јавното претпријатие за државни патишта“ во овој момент се гледа голема фреквенција и гужва на граничниот премин „Богородица“ за влез кон Грција. Освен тоа може да се забележат и голема фреквенција на луѓе излезени од своите автомобили кои чекаат во редот за да поминат пасошка контрола, а на дел од кадрите се гледаат и некои луѓе со бебиња како се шетаат надвор додека нивните автомобили се заглавени во редот.

Инаку гужвите за влез во Грција започнаа вчера попладне кога исто така имаше голем наплив на автомобили на „Богородица“.