Кампања за подигнување на свесноста на заболувања на тироидната жлезда
Здружението за борба против рак „Борка-за секој нов ден“ од Скопје кон крајот на месецов ќе спроведе национална кампања за подигнување на свесноста за тироидни заболувања во Македонија, насловена „Виолетов караван 2016“.
Централната активност на кампањата ќе биде одбележување на Интернационалната недела на тироидната жлезда од 23 до 29 мај во Скопје и градовите низ Македонија.
Неделата ќе се одбележи на тој начин што во седум града низ Македонија ќе бидат поставени мобилни ординации за бесплатни ЕХО прегледи на лица кои немаат симптоми и немаат досега направено ЕХО на тироидна жлезда.
Прегледите ќе ги извршуваат докторите специјалисти: Венјамин Мајсторов, Даниела Миладинова, Синиша Стојановски и Маја Здравковска од Институтот за патофизиологија и нуклеарна медицина и Ирфан Ахмети и Искра Битовска од ЈЗУ Клиника за ендокринологија во Скопје. Мобилните ординации за преглед ќе бидат поставени во градовите по 8 часа дневно (двајца доктори по една четиричасовна смена) и ќе можат да бидат прегледани по 100 лица дневно.
Mобилните ординации за бесплатни ЕХО прегледи од 9 до 17 часот ќе бидат поставени на 23 мај на шеталиштето пред хотел „Београд“ во Струга, на 24 мај на плоштадот во Струмица, на 25 мај пред театарот во Велес, на 26 мај на плоштадот во Тетово, на 27 мај на плоштадот во Кичево, на 28 мај на плоштадот во Куманово и на 29 мај на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
-
Гевгеличанец три месеци демнел татко со три малолетни деца и сакал да оствари несакан контакт
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје