Какво ќе биде времето дене?
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со умерен југозападен и јужен ветер. Попладне можна е локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 9. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната максимална од 33 до 40 степени.
Во Скопје слично време со температура до 39 степени.
УХМР најавува дека до вторник подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Дневната температура ќе биде во благ пораст и во голем дел од земјава ќе надминува 35° С, а во јужните делови ќе достигне до 40° С. УВ индексот ќе има многу висока вредност 9.
Од вторник се очекува промена на временската состојба, ќе има врнежи од дожд , кои на повеќе места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, особено во северните делови. Ќе дува умерен југозападен и јужен ветер, кој попладне на повеќе места ќе се засилува. Од среда до петок претпладне, времето ќе биде променливо и посвежо со локален дожд. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опѓање, кое ќе продолжи и во среда и четврток и ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност помеѓу 8 и 7.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите