КАКВА ХРАБРОСТ: Матурантката го облекла овој убав фустан, но ако погледнете малку подобро ќе видите...
Пред 2 годни, Киле Брукбенк била во својата куќа. Тинејџерката не ни чувствула дека во куќата тече плин и запалила свеќа. Од експлозијата се здобила со тешки изгореници и едвај преживеала, пишува Little Things.
Таа имала изгореници на 45 посто од телото. Дури 38 дена поминала во болница каде што лекарите направиле неколку операции. На рацете, нозете и грбот и останале лузни.
Иако на почетокот било тешко, Киле решила дека нема да се крие, затоа што нејзините лузни биле одраз на нејзината сила, преживување и убавина.
Кога се појавила во фустан без ракави на матурата, предизвикала воодушевување кај семејството, но и нејзините колеги. Знаејќи низ што поминала, би ја разбрале и да не појави на овој важен ден, но таа стигнала со крената глава. Дури е и прогласена за кралица на матурската вечер.
„Мислев дека веќе нема да можам да облечам фустан и дека ќе ми биде незгодно во сопственото тело, но се чувствувам добро во својата кожа“, вели Киле.
Нејзиното момче кое и бил и партнер на матурата, Дајлан поминал со нејзе низ најтешките моменти. Со гордост ја прател на забавата.
„Таа е дефинитивно најубата девојка овде. Таа е една од најубавите девојки која некогаш сум ја видел“, изјави Дајлан
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет