Кадиров застана зад Путин: Моите војници подготвени да помогнат во задушувањето на бунтот на групата „Вагнер“
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров денеска изјави дека неговите сили се подготвени да помогнат во задушувањето на бунтот на шефот на платениците на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, и додаде дека доколку се покаже за потребно тие се подготвени да употребат и сурови методи.
Кадиров во својата денешна изјава однесувањето на Пригожин го нарече „забивање нож в грб“ и ги повика руските војници да не попуштаат на никакви „провокации“.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека ќе го уништи, како што рече, „вооружениот бунт“, откако Пригожин ја презеде контролата врз јужниот град Ростов, како дел од обидот да го собори военото раководство.
Пригожин побара министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов – кого го критикуваше за, како што вели, катастрофалното раководење со војната против Украина – да дојдат во Ростов. Тој кажа дека има 25.000 борци кои „ќе ја донесат правдата“ и наведе, без да обезбеди докази, дека руската војска убила голем број негови борци во воздушен напад, што Министерството за одбрана го негираше.
Руски безбедносен извор за британските медиуми потврдид дека борците на „Вагнер“ ја презеле контролата и врз воените објекти во градот Воронеж, на околу 500 километри јужно од Москва.
Руската ФСБ отвори кривична постапка против Пригожин за вооружен бунт и рече дека неговите изјави се „повици за почеток на вооружен граѓански конфликт на руска територија“.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст