Јужноафриканскиот претседател Зума го прекршил Уставот на земјата
Уставниот суд на Јужна Африка пресуди денеска дека претседателот Џејкоб Зума го прекршил Уставот на земјата, затоа што одбива да и ги врати на државата парите, што ги користел од буџетот за уредување на неговиот приватен имот.
Во пресудата се вели дека ваквото однесување на шефот на државата значи и „непочитување“ на највисоката правосудна институција во земјата.
На Министерството за финансии му е наложено во рок од 60 дена да определи колкав износ пари, претседателот Зума треба да врати во државната каса.
Случајот со уредувањето на приватниот имот на Зума во местото од каде тој потекнува, неколку години ја бранува јужноафриканската јавност, откако се разбра дека користејќи буџетски средства, претседателот го преуредил имотот и фармата околу него, со изградбата на базен и амфитеатар.
Јужноафриканската антикорупциска комисија, која во домашната јавност е позната како „народно обвинителство“ го испитуваше случајот и уште во 2014 година, заклиучи дека Зума треба да ги врати сите потрошени пари, затоа што неовластено користел државни пари за приватни потреби.
Претседателот ги отрфла обвинувањата.
Зума тврди дека иако локацијата на имотот е негова приватна сопственост, базенот и амфитеатсрот ги изградил за „јавни потреби“ за посетителите на имотот на шефот на државата.
Пресудата на Уставниот суд е конечна и тој овојпат ќе мора да го врати долгот кон државата.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња