Јункер шокиран: Бруталниот напад во Манчестер го скрши моето срце
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска излезе со изјава по терористичкиот напад што синоќа се случи во англискиот град Манчестер, а во кој според последните податоци дури 22 лица го загубија животот, а над 50 се повредени.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Јункер изрази шокираност од грозоморниот чин и порача дека овој акт на тероризам го скршил неговото срце.
- Со голема тага и длабок шок ја примив информацијата за бруталниот напад што го погоди Манчестер. Помислата дека уште еднаш тероризмот бара да влее страв каде што треба да има радост, да сее поделба каде млади луѓе и семејства треба да доаѓаат заедно во прославата, го скрши моето срце. Би сакал да се пренесе моето најдлабоко сочувство до премиерката Меј и до Британците, истакна челникот на Еврокомисијата.
Жан-Клод Јункер посочи дека денеска Европската унија тагува заедно со Велика Британија.
- Утре ќе работиме рамо до рамо со вас да го возвратиме ударот против оние што се обидуваат да го уништат нашиот начин на живот. Тие ја потценуваат нашата и вашата издржливост, но овие кукавички напади само ќе ја зајакнат нашата посветеност да работиме заедно за да ги поразиме сторителите на овие грди дела, додаде Јункер.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија