Јункер незадоволен од отсуството на европратениците од пленарната сала во Стразбур
Претседатлите на Европска комисија и на Европски парламент, Жан-Клод Јункер и Антонио Тајани денеска имаа спор поради празната пленарна сала во Стразбур.
- Парламентот стана за потсмев. Тоа е несериозно, изјави Јункер поради присуството на само триесетина европаратеници на седницата посветена на претседавањето на Малта со Советот на Европска унија.
Тој додаде дека ако на седниоцата присуствувале канцеларката Ангела Меркел или францускиот претседател Емануел Макрон, салата ќе била полна.
Јункер двапати беше прекинат од Тајани, кој побара да се почитува институцијата ЕП.
- Европскиот парламент ја контролира Европска комисија, а не обратно, истакна Тајани,
Јункер потенцира дека нема повеќе да учествува а слични седници и оти е неопходна почит и кон малите држави.
Премиерот на Малта, Џозеф Мускат во отчетот пред европратениците како успех со претседавањето го посочи укинувањето на роамингот во Европска унија, како и усвоениот закон против избегнување на плаќање на даноците.
Тој додаде и дека целата армија на Малта е ангажирана за спасување на мигранти во Средоземно Море, но оти тоа не може вечно да трае.
- Не ги обвинувам државите, кои сакаат да го заштитат сопствениот интерес, неопходен е начин заедно да се справиме со мигрантскиот бран, посочи Мускат.
Тој излегувањето на Велика Британија од ЕУ го оцени како „чудовиште, кое никој од нас не се обиде да го запре“.
Ново на Сител
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?
-
Димитриевска - Кочоска: Институциите да проверат зошто маркетите билдаат огромни профити
-
Филипче од Хрватска - Владата има обврска да ги заштити граѓаните од високите цени
-
Струмичани утре излегуваат на протест против загадениот воздух