Македонија
31. January 2025 - 16:44

Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто

Скопјани со новата сметка ќе плаќаат 100 денари повеќе за парно греење. За 5,03 отсто Регулаторна ја зголеми цената на парното. Причината е поскапување на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на Те-То. Новите цени стапуваат на сила од утре, за железарското парно и корисниците на топлана Скопје Север ќе се одлучува на наредна седница во текот на февруари. 

- Поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.Се очекува зголемување на сметките од 100 денари за просечно семејство во Северна Македонија. Оние коишто имале трошок за парно од 2.100 денари, сега ќе добиваат сметка од 2.200 денари. Цената ќе се применува од 1 февруари.

Во регулаторна пристигнале голем број поплаки од граѓаните за млаки радијатори, Беслимовски ги повика дистрибуциите да не штедат на топлина. Доколку пак цените на берзата продолжат да растат не се исклучува и препорака до Владата да продолжи со субвенции на сметките за парно.

По објавувањето на новата цена, опозициската СДСМ ја обвини владата дека уште посилно удира по џебот на народот. 

Повисоки цени за градското парно ќе добијат над 60 000 домаќинства во Скопје.