Југозападниот регион подготвува стратегија за младинско информирање
Невработеноста, слабата активност и неинформираност на младите за можностите за надоградување на знаењата и вештините се дел од проблемите со кои се соочуваат младите во Југозападниот регион, наведени во драфт верзијата за Регионалната стретегија за младинско информирање.
Регионален координатор на Националниот младински совет, Славица Јовческа на промоцијата на драфт верзијата истакна дека стратегијата треба да ги опфаќа сите градови од Југозападниот регион меѓу кои се Охрид, Струга, Кичево и Дебар.
- Направена е драфт верзија на стратегијата и целта на средбата е да се подобри стратегијата, да се надополни и да се направи стратешки документ кој понатаму ќе служи за креирање на останати активности, акциони планови и слично. Драфт верзијата содржи информации и податоци за регионот, приоритетни проблеми во регионот и начини на кои може да се подобрат, информира Јовческа.
Регионална стретегија за младинско информирање во Југозападниот регион е дел од проектот „Младинско информирање“ на Националниот младински совет на Македонија и Здружението за развој и активизам „АКВА“ од Струга, финансиран од УСАИД.
Ново на Сител
-
Утре седница за интерпелации: Власта тврди се ќе заврши брзо
-
Тема на денот со Александар Ивановски, директор на Европската Фискална Конфедерација
-
МОН затвори уште еден приватен институт, ќе се мониторираат дипломите и магистерските
-
Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
-
Судот во Перник: Пропустите на автопатот „Струма“ придонесоа за несреќата на „Беса Транс“
-
Бајден пред заминување ги заостри санкциите кон Западен Балкан
-
Петрушевски: Сите се дистанцираат од Груби, освен СДС
-
Панихида за Мара Бунева во недела, партијата Преродба со провокација