Loading Video...
Тенис
7. February 2020 - 16:07

Јотовски и Србљак го завршија настапот во Анталија

Томислав Јотовски и Горазд Србљак ги завршија своите настапи на турнирот во Анталија, Турција. 
 
Откако двајцата многу рано беа елиминирани во сингл конкуренција (Јотовски во третата квалификациска рунда, а Србљак во 1.коло), денеска нашите тенисери го завршија и својот заеднички настап во игра во двојки. 
 
Во меч од четвртфиналната рунда, кој траеше само 53.минути тие беа убедливо совладани од Италијанците, Рикардо БОНАДИО и Марко БОРТОЛИНИ кои се и први носители на овој турнир. 
 
Италијанските тенисери ги добија двата сета со идентични 6-2.