ЈО: Во земјава се уште не се пристигнати германските екперти кои треба да ги утврдат причините за пожарот во Тетово
Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот Ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку дена.
– Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот, истакнаа од ОЈО.
Од Обвинителство за МИА потврдија дека денеска во посета на опожарената модуларна болница во Тетово заедно со обвинители од тетовското Јавно обвинителство не биле германски експери, како што јавија повеќе медиуми, туку дека станува збор за претставници од Амбасадата на Германија во земјава кои не се поврзани со истрагата.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека