ЈО поднесе обвинение против лицето кое го нападна лидерот на ЛДП
- Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против лицето кое на 25 март на плоштадот „Македонија“ го нападна пратеникот и лидер на ЛДП Горан Милевски.
Обвинетиот се сомничи за сторено кривично дело „насилство“ и за него е доставен и предлог за определување на мерка притвор.
- На 25 март годинава, обвинетиот на плоштадот Македонија физички нападна пратеник на Собранието на Република Македонија. Идентитетот на обвинетиот беше утврден по јавување на граѓани откако по налог на Основното јавно обвинителство Скопје беше објавена неговата фотографија од страна на Министерството за внатрешни работи. Ценејќи дека се исполнети законските основи заедно со обвинението до судот е доставен и предлог за определување на мерката притвор за обвинетото лице, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Ново на Сител
-
Пуштена во употреба спортската сала во Радовиш
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот