Јавното обвинителство презема мерки за расветлување на сообраќајката кај ТЦ „Зебра“
Скопското Јавно обвинителство презема истражни мерки против осомничениот триесет и седумгодишен скопјанец, кој вечерта на 7 јули со возило „опел“ удри во пешак кај трговскиот центар „Зебра“.
Според првичните сознанија, како што е наведено во соопштението од ЈО, добиени од анализата на крвта и урината од возачот на автомбилот, констатирано е дека возачот бил под дејство на алкохол.
- Во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис, информираат од Обвинителството.
Надлежен јавен обвинител извршил увид на лице место по случената сообраќајна несреќа, во која животот го загуби едно лице. Издадени се наредби за вештачења, подигнати се траги од местото на настанот. Обвинителот наредил и вршење обдукција над починатото лице.
- Надлежниот обвинител донел наредба за спроведување на истражна постапка. Против осомничениот кој во моментов е на болничко лекување, ќе бидат преземени натамошни активности во насока на обезбедување докази и расветлување на настанот, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки