Јавна презентација на ДУП-от за Стара касарна во Пехчево
Општина Пехчево работи на донесување на ДУП за Стара касарна за период до 2020 година при што е опфатена површина од 8,5 хектари во дел од градот за кој досега не била направена планска документација.
Како што истакна градоначалникот на Пехчево, Игор Поповски, конкретниот ДУП Стара Касарна е во редовна процедура и согласно со законот ќе се одржи јавна презентација и анкета по предлог ДУП за овој дел од Пехчево.
- Во предлог ДУП Стара касарна имаме предвидено една локација за хотел, а опфатени се постоечките објекти за да можат да се доградат или надградат, предвден е и старскиот дом на местото на старата амбуланта со што конечно потенцијалниот инвеститор по усвојувањето на планот ќе добие можност за изградба на старски дом. Граници на опфатот на ДУП-от на север се ул. „Индустриска“ и „ЈНА“, на исток ул. „Ванчо Китанов“, на југ – ул. „8 Март“ и на запад ул. „8 Март“,истакна Поповски.
Предлог – Деталниот урбанистичкиот план за Стара касарна – Пехчево, за плански период 2015 – 2020 ќе биде изложен во Салата за состаноци и огласната табла на општина Пехчево од 27 јуни 2017 година до 10 јули 2017 година секој работен ден од 8 до 15:30 часот.
- Во наведениот период, заинтересираните правни и физички лица ќе можат да пополнат анкетни листови. Јавната презентација ќе се одржи во салата за состаноци во зградата на општина Пехчево на ден 3 јули 2017 година со почеток во 12 часот, истакна Поповски.
Тој додаде дека Одделението за урбанизам во моментов работи на уште четири ДУП-а за градот, како што се Грозил, Подуово, Панорама и за спортско игралиштето, а од претходната година се води постапка и за сите села во општината.
Ново на Сител
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја