Јапонија планира да го заживее нуклеарниот сектор
Јапонската Влада има намера да го поттикне заживувањето на секторот за нуклеарна енергија, ослабен по катастрофата во Фукушима во 2011 година.
Премиерот Фумио Кишида денеска најави дека ќе се разгледува можна изградба на „нуклеарни реактори од новата генерација“, што би било голема пресвртница за Јапонија.
– Руската инвазија на Украина во голема мера ја промени глобалната енергетска слика, изјави Кишида за новинарите.
Тој додаде дека „Јапонија мора да ги земе предвид потенцијалните кризни сценарија“.
Нуклеарните централи во Јапонија беа затворени по катастрофата во централата Фукушима, предизвикана од силниот земјотрес и џиновското цунами на североистокот.
Од 33, во теорија, оперативни реактори, само 10 оттогаш се рестартирани откако беа усогласени со значително повисоки безбедносни стандарди.
Ново на Сител
-
Љутков: Разловечкото востание е темелот на нашата држава, историја што не смееме да ја заборавиме
-
Мицкоски: Трикови околу цените на храната нема да толерираме
-
Лимани: Над 700 вработувања на Албанци имаше кога бев заменик директор на електрани
-
ЕУ со нов 17. пакет санкции против Русија
-
Утре изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип - Кочани
-
Владата го усвои договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство
-
Најмалку тројца ученици повредени во напад со нож во училиште во Финска
-
Уставниот суд го укина членот кој предвидува при унапредување на обвинителите да се цени и работењето како членови на Советот на ЈО