Јаневска: Булинг има во училиштата во Македонија, но не се реагира за негово решавање
Пред година ВМРО-ДПМНЕ на владата и понуди шест комисии кои би и помогнале во справување со одредени проблеми и една таква комисија беше и за образование. Но од владата не добивме не добивме повратен одговор и го сфативме тоа како негативен одговор бидејќи нашата понудена помош не беше прифатена, вели Весна Јаневска, претседател на републичка комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, во вчерашното гостување во Темата на денот во Дневникот на Сител телевизија.
Јаневска истакна дека булингот постои и во училиштата во Македонија, но за жал за тоа се зборува сега откако се случи страшната трагедија во Србија.
Ние почнуваме дискусии и дебати на медиумите тогаш кога ќе се случи некој трагичен настан како во Србија и кога консеквенциите се страшни. А врсничкото насилство и булингот постоеле и кај нас, но зошто ние не обрнуваме внимание не е прашање за опозицијата, туку за владејачката партија, рече таа.
На прашањето кој е нејзиниот став во однос на тоа дека идеите на МОН се забрана на социјалните мрежи, поголемо присуство на психолози, рече дека според нејзе забраната на Тик Ток нема да го реши проблемот со врсничкото насилство.
Забраната на Тик Ток мрежата конкретно според мене не е решени, и ние како партија сме против цензура. Не сметам дека тоа ќе биде нешто кое што ќе помогне, додаде Јаневска.
Ново на Сител
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар
-
Ќе се откаже ли државата од придонесите за повисок минималец?
-
Инвесторите во ТИР зоните имаат потреба од стручен кадар
-
Најава за разрешување на одборот пред главната карневалска ноќ во Струмица