Јамал: Ќе се вратам уште посилен по повредата
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, кој ќе паузира неколку недели поради повреда на десниот зглоб, изјави дека процесот на рехабилитација се одвива според планот и оти „ќе се врати уште посилен“.
„Јас сум во процес на опоравување и сигурен сум дека ќе се вратам подобар и со поголема желба. Ќе се вратам посилен од кога било“, порача 17-годишниот шпански напаѓач во видеото кое го објави Барселона на својот профил на мрежата Икс.
Јамал, кој оваа година со Шпанија ја освои титулата на Европското првенство, се повреди на 15 декември при поразот на Барселона на домашен терен од Леганес (1:0). Каталонскиот клуб процени дека тој ќе биде надвор од терените три до четири недели.
Младиот Јамал е клучен играч на Барселона, а оваа сезона на 20 натпревари забележа шест голови и 12 асистенции.
Барселона е без победа на последните три натпревари во шпанското првенство и во моментов е третопласирана со 38 бодови, три помалку од лидерот Атлетико Мадрид.
Ново на Сител
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ
-
Уште една година на стагнација за македонските интеграции
-
Затворски казни, оставки и разрешувања за лица од правосудството во 2024 година
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат