Здравје
3. March 2016 - 9:38

Јадете по еден грст од оваа храна секој ден и ќе си го продолжите животот

Дали сте знаеле дека само 30 грама јаткасти плодови дневно би можеле да ни го продолжат животот за две години?

Луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови живеат подолго и го намалуваат ризикот од смрт предизвикана од рак и болести на срцето, покажало најновото истражување спроведено на Харвард.

jatkasti-plodovi

Кога станува збор за жените, конзумирањето на само две раце од овие плодови неделно, може да го продолжи нивниот живот подеднакво како и џогирањето четири часа неделно.

Жените кои имаат висок ризик од болести на срцето можат да го преполоват ризикот со консумирање на една лажичка путер од кикирики еднаш дневно.