Изложба за Ченто во Прилепскиот музеј
По повод 115 години од раѓањето и 60 години од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто, Прилепскиот музеј на 24 јули во 20 часот ќе отвори изложба на фотографии и документи за Ченто.
Изложбата е насловена „Ченто - биографија низ фотографија“, а автор е историчарот Рубин Белчески. Тој денеска на прес-конференција рече дека изложбата е вистински начин да се потсетиме на делото на овој голем македонски деец во годината кога се навршуваат два големи јубилеја за Ченто.
- На 24 јули, кога ќе биде отворена изложбата во ликовната галерија на Домот на културата „Марко Цепенков“, се навршуваат 60 години од смртта на Ченто, а на 17 август 115 години од неговото раѓање. На изложбата на банери ќе бидат прикажани околу 250 фотографии и документи врзани за животот и делото на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, рече Белчески.
Соопшти дека пет години собирал фотографии и документи за што многу му помогнало семејството на Методија Андонов Ченто, ќерката Марија и синот Илија. Истражувал и во неколку музеи низ Македонија.
- Требаше да биде објавена и публикација, фотомонографија, но средствата не беа доволни што ги определи во почетокот на годинава Министерството за култура. Се надевам дека публикацијата ќе излезе наредната година, додаде Белчески.
Целта на изложбата е на поинаков начин да се доловат животот и делото на Ченто. На изложбата, појсни авторот, ќе биде објавена и најрана фотографија на Ченто, на 17-годишна возраст.
- Опфатени се и споменици и спомен-обележја со овој македонски деец. Изложбата ќе биде популарна и да се презентира во училиштата, меѓу младите, да научат повеќе за дел од нашата славна историја и, секако, за големото значење и историската улога на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ - Методија Андонов Ченто кој неправедно беше осуден, но во деведесеттите години од минатиот век и со пресуда е рехабилитиран, истакна Белчески.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување