-->
-->
Изложба на колажи од Валентина Илијевска во Куманово
-->
Во кумановскиот Центар за култура,„Трајко Прокопиев“, синоќа беше отворена изложба на колажи од авторката Валентина Илијевска насловена „Малото девојче во светот со големи очекувања за човекот“. Кумановци имаа можност да разгледаат 25 дела на четвртата по ред самостојна изложба на авторката Илијевска.
- И на оваа изложба континуирано го градам циклусот инспириран од човековите вредности. Тематиката е иста - сензитивноста која ја поседуваме, чистата духовна страна, доближувањето на човекот до природата, изјави Илиевска.
Делата на Илијевска, според историчарот на уметност Роберт Цветковски, пренесуваат нејзини размислувања за проблемите на човекот во современото живеење.
- Во делата доминира атрактивноста, илустративноста и линеарноста што е карактеристика за графички уметник, изјави Цветковски.
Кумановци ќе имаат можност да ги рагзледаат колажите на Илијевска наредните две недели.
Илијевска дипломирала на Факултетот за ликовни уметности на одделот за графика и графички техники, а магистар е по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Учествувала на групни изложби и колонии во Македонија и Европа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седница на Централното претседателство на ДУИ
-
МВР: Приведени осомничени крадци во Куманово
-
Клиника „Козле“: Стручна комисија и стручниот колегиум не најдоа лекарски пропуст во третманот на починатото дете
-
Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември
-
Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле
-
Претставници на студентите од УКИМ бараат од МОН да се преразгледа бројот на стипендии за студентите
-
Временските услови оптимални за есенска сеидба
-
Комити Запад: Актуелното раководство во целост е неспосбно да води клуб како Вардар